Connect with us

Фудбал

Ристовски: Не сакам да барам алиби, но теренот е тежок, калта се лепи , кај нас за жал работите место напред, идат назад

„Ќе бидам искрен, мислам дека некој си замор и несигурност и последица на тоа што некои играчи претходно имале стандардна минутажа сега тоа се изразува. Не сакам да звучам и да барам алиби, но теренот е доста тежок, се лепи многу калта и не те пушта многу да градиш игра. За жал кај нас работите наместо да одат напред, се враќаат назад и постојано се враќаме на едно исто. Ако ме прашивате мене, среќен сум што нема повредени, навистина беше тешко да се гради напредок на ваков терен. Натпреварот и резултатот се залужено нерешено има доста работи кои треба да се поправат“, изјави капитенот Стефан Ристовски по натпреварот.