Фудбал
Ристовски: Ние сме очигледно екипа која игра големи натпревари и сака да прави чуда!
Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски на прес конференцијата во пресрет на утрешниот меч со Англија на „Олд Трафорд“ порача дека самиот меч по себе е доволна мотивација.
„Ретко е за Македонија да игра вакви натпревари, на вакви стадиони. Самата лига што ја поседува Англија е врвот на фудбалот. Убаво е да влезеш на „Олд Трафорд“, не ти треба некоја посебна мотивација, туку да излезеш и да покажеш она кое го поседуваш. Ние сме очигледно таква екипа, која игра големи натпревари и сака да прави чуда. Се надевам дека цела нервоза која ја чуваме од мечот со Украина, ќе го префрлиме на теренот.
Сите играчи имаат големи натпреварувања и лиги. Играме против најголемиот фаворит во групата, селекција од светско ниво. Не ни треба посебен мотив. Ќе имаме исполнет стадион, тоа е доживување, генерално, за македонскиот фудбал и за сите наши гледачи да успееме спортски нешто да направиме, вели капитенот.
Мечот Англија-Македонија се игра утре со почеток во 20:45 часот. Македонија има една победа од два меча, додека Англија има три од три.