Connect with us

Фудбал

Ристовски: Ние сме во една од потешките групи во квалификациите, но навикнати сме!

„Се работи за една од потешките групи во овие квалификации, но низ целиот циклус се носевме ние со повреди и не бевме комплетни. Ние сме селекција која за жал нема голема ширина на играчи, но ете, драго ми е што сме сите тука моментално и се надевам дека низ целата година ќе бидеме здрави. Тоа е и најважно. Доволно се знаеме и сме искусни во оваа репрезентација, изјави капитенот Стефан Ристовски во пресрет на утрешниот меч со Малта, во Скопје.

Ристовски притоа додава:

-Кажав доста пати дека сите ривали се исклучително квалитетни репрезентации, тука се фаворитите за европската титула Ангилја и Италија, исто така и Украина која располага со одлични резултати. Одиме чекор по чекор, имаме добар распоред и ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари“.

Advertisement