Connect with us

Фудбал

Ристовски пред мечот со Украина: Сите сме мотивирани, очекуваме поддршка од трибините!

Македонската А репрезентација се подготвува за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина на 16. јуни (петок) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Пред почетокот на попладневниот тренинг пред новинарите зборуваше репрезентативецот Милан Ристовски.

– „Атмосферата е одлична, сите сме мотивирани кога сме во националниот дрес, сакаме да направиме нов успех и убеден сум дека заеднички ќе се бориме за тоа. Украина е силна репрезентација со фудбалери кои играат во големи клубови, но ние играме на домашен терен, очекуваме поддршка од публиката и верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат“. 

– „Против Украина игравме на Европското првенство, но мислам дека ова ќе биде сосема поинаков натпревар, иако се разбира дека одредени анализи ќе користиме и од тој наш меѓусебен меч. Во оваа фаза од подготовките претежно се базираме на тактички работи, ја враќаме свежината и се надевам дека максимално ќе одговориме на задачите на селекторот“, вели Ристовски.