Фудбал
Ристовски верува во ново чудо: Се бориме за полуфинале, поголема мотивација не треба
Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб утре вечер против Виљареал ќе се обидат да напрват уште едно чудо како во претходното коло против Тотенхем. Имено, тие загубија на првиот меч со 1:0, но како што велат уште ништо не е готово.
-Ќе се бориме за пласман во полуфинале, а овој момент не постои поголем мотив од тоа. Знаеме каков квалитет има Виљареал, но ние сме добра и искусна екипа. Го покажавме тоа во текот на целата сезона, а така ќе се поставиме и во четврток, изјави Ристовски.
Што се однесува до Аријан Адеми, тој се повреди на последниот првенствен меч, па не е сигурно дали ќе биде во можност да настапи.