Connect with us

Фудбал

Ривалдо е убеден дека Халанд може еден ден да биде како Роналдо

Кариерата на Ерлин Халанд е засега брилијантна и во пораст, а легендарниот напаѓач на Барселона Ривалдо верува дека младиот Норвежанец може да го достигне нивото на Кристијано Роналдо.

Халанд зимата премнина од Салцбург во Борусија Дортмунд, па веднаш покажа каков „ѕeвер“ е, а сега тој е мета на Реал Мадрид, кој е импресиониран од тоа што го покажува талентираниот стрелец на головите.

Норвешкиот напаѓач постигна десет гола во Бундеслигата на само девет настапи, додека постигна вкупно 13 гола во сите натпреварувања за Дортмунд.

„Тој веќе е голем фудбалер, но како 19-годишник би можел да стане уште подобар во иднина и да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот“, напиша Ривалдо за „БетФаир“.

„Тој има многу особини. Игра без страв и изгледа многу мирен на теренот, па тој е фудбалер од светска класа кој сè уште има многу за да учи и нормално е толку многу клубови да го следат. Некои луѓе веќе го споредуваат стилот на игра на Халанд со Роналдо Назарио. Навистина имаа сличности. Халанд е брз, постигнува голови и не се плаши. Но, премногу е рано да го споредиме со Роналдо“, изјави Ривалдо.

„Роналдо има освоено две Светски првенства и играше на четири. Тој блескаше низ целиот свет со своите продори и голови, па затоа мора да видиме дали Халанд ќе успее да дојде до тоа ниво, но се чини дека ги има сите квалитети еден ден да биде како мојот поранешен соиграчи“, заврши Ривалдо.