Фудбал
Ривер изгуби сè: Во шокантна завршница, Тевез со одличен гол ја враќа титулата на Бока
Бока Јуниорс ја освои титулата шампион во аргентинската Суперлига по шокантната завршница во последното коло.
Пред последните 90 минути, екипата на Ривер Плата влезе како голем фаворит каде гостуваше на Атлетико Тукуман, додека Бока Јуниорс го пречека Гимназија.
Ривер одигра само 1:1 на гости со неколку дискутабилни судиски одлуки на штета на Милионерите. Домаќините поведоа со 1:0 , а гостите изедначија преку Суарез, но не успеаја да направат комплетен пресвртот.
На крајот се славеше на „Ла Бомбонера“. Бока ја совлада Гимназија со минимални 1:0, а одличниот гол го постигна Тевез во 73. минута.
CARLOS EFFING TEVEZ!!!! #CarlosTevez #BocaCampeon pic.twitter.com/vyPFR2nUkR
— RealSkinnyMike (@Deportes_Lopez) March 8, 2020
Бока го заврши шампионатот со 48 поени, еден повеќе од најголемиот ривал кој сега е апсолутен губитник на сезоната, бидејќи претходно го загуби финалето на Копа Либертадорес.
Патем, за Бока ова е 28. шампионска титула во историјата и 47. голем трофеј во целина. Иако ја чека титулата од 2014 година, Ривер со 35 шампионски титули и вкупно 48 пехари е сеуште најтрофејниот клуб во Аргентина.