Connect with us

Ракомет

РК Пролет го задржува своите, Џонов и Аларов потпишаа до 2022

Објавено:

Тинекс Пролет ги продолжи договорите со Иван Џонов и со Михаил Аларов, уште една потврда за заложбите на овој клуб за грижа за ракометарите кои потекнуваат од нивната ракометна школа.

Џонов и Аларов минаа низ младинските категории на клубот, потоа добија и шанса во првиот тим што максимално ја искористија, промовирајќи се во стандардни првотимци во Тинекс Пролет.

Иван Џонов беше дел од генерацијата на младинската репрезентација што стигна до шестото место на СП во Алжир, најдобар пласман на една млада селекција на „црвено-жолтите“ на младинските мундијали. До ланската сезона Џонов настапуваше како лево крило, но од сезонава покажа дека одлично се снаоѓа и на бековската позиција, постигнувајќи двоцифрен број на погодоци на неколку натпревари.

Одличните игри на Аларов на пивотменската позиција беа доволна препорака за нашиот пивот да се појави на подготовките на сениорската репрезентација за ЕП 2020. Со квалитетот во играта, но и со борбеноста во одбраната, Аларов се наметнува како еден од најдобрите македоснки играчи на својата позиција во Супер-лигата, што беше доволна причина да се договори продолжување на соработката.

Со новиот договор, Џонов и Аларов ќе останат дел од Тинекс Пролет најмалку до јуни 2022 година.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com