Ракомет
РК Вардар од 1 јуни добива нов сопственик!
Михајло Михајловски од 1 јуни го презема ракометниот клуб Вардар. Некогашниот долгогодишен претседател на „црвено-црните“ управувањето со клубот во претходните неколку години го препушти на Сергеј Самсоненко
Под водство на Самсоненко, клубор оствари огромни успеси, но во последно време не е на очекуваното ниво. Новото раководство ќе отпочне процес на реновирање и реконструкција на тимот, но ветува и силен Вардар кој ке продолжи да се бори за титули и нови успеси.
Михајловски потврди дека нема да има големи промени на клупата и дека прв тренер на тимот останува Стевче, а исто така најавува солиден буџет кој би помогнал за изградба на солидна екипа кој ќе се бори за титулите на домашна, но и на европската сцена.