Фудбал
Робен откри: Сопругата беше заразена со коронавирус, не беше пријатно …
Поранешната sвезда на Баерн Минхен, Арјен Робен, призна дека неговата сопруга Бернадијан неодамна била заразена со коронавирус.
Ковид-19 го пустоши светот овие денови и досега зарази над милион луѓе. Една од заразените беше и сопруга на некогаш одлична фудбалска свезда. Робен признава дека ситуацијата во еден момент не била пријатна, но за среќа сето тоа помина.
„Сè мина добро, за среќа. Сепак, воопшто не беше пријатно. Се чувствуваше многу лошо, но за среќа сега е подобро, тестовите се повторно негативни“, рече Робен, додавајќи:
„Најлош дел беше нејзината болка во белите дробови, таа чувствува голем притисок и не можеше да дише нормално. И оваа состојба трае со денови, таа не може да се опорави за еден ден или два дена. Среќни сме што нејзината состојба не се влоши“.
Пензионираниот фудбалер додаде дека тој и децата се за среќа негативни за Ковид-19, но сепак треба да бидат во домашна изолација 14 дена. Тој, исто така, ги повика сите граѓани да ги почитуваат здравствените мерки што ги издадоа надлежните органи деновиве.
Ковид-19 пристигна во Европа пред околу еден месец и половина и ги прекина сите спортски натпревари кратко потоа. Бундеслигата е исто така една од суспендираните лиги, но како што стојат работите сега треба да продолжат на почетокот на следниот месец.