Фудбал
Роберт Левандовски: „Се чувствувам како дете со нова играчка“
Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски увери дека е амбициозен да постигне успех со својот нов клуб Барселона следната сезона. Напаѓачот се пресели од Баерн Минхен во редовите на Каталонците во текот на летото, една година пред крајот на договорот со германскиот шампион. Тој потпиша договор со Барселона до 2026 година.
Искуството беше неверојатно“, изјави Роберт Левандовски по натпреварот за трофејот Жоан Гампер против мексиканскиот Пумас на Камп Ноу. „Не очекував да дојдат толку многу навивачи“, додаде Левандовски, цитиран од шпанскиот весник „Спорт“.
„Ваквите моменти што ги имате како фудбалер остануваат со вас засекогаш. Ми требаше промена, да се преселам во нова земја, нов тим. Се чувствувам како дете со нова играчка“, додаде Полјакот.
Се очекува Роберт Левандовски да го има официјалното деби за Барселона во првото коло од новата сезона во Ла Лига против Рајо Ваљекано на 13 август.