Connect with us

Фудбал

Роберто Карлос: Меси и Кристијано не можат да се споредат со Роналдо

Кој е најдобриот фудбалер на сите времиња? Пеле, Јохан Кројф, Диего Марадона, Роналдо Назарио да Лима, Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо, Лео Меси се херои на многу генерации.

Никој не доминира како Меси и Кристијано Роналдо, за многумина тие се најдобри досега, сепак некои имаат поинакво мислење.

Легендарниот Роберто Карлос смета дека Аргентинецот и Португалецот не можат да се споредат со неговиот сонародник, „вистинскиот“ Роналдо.

“Роналдо исто така доминираше на тренинзите. Тој беше најдобар. Никој нема да биде како него. Како Ел Феномено. Ниту Нејмар, ниту Кристијано, ниту Меси не можат да се споредат со него. Тој е единствен”, смета Карлос.

“Мислам дека беше потешко да се постигнат погодоци кога игравме ние. Дефанзивците беа силни. Но, Роналдо можеше да стори сé што сакаше”, додаде легендарниот Бразилец.

Карлос и Роналдо пет години ја делеа соблекувалната во Реал Мадрид, и беа членови на последната генерација на Бразил што го освоија Светскиот куп во 2002 година.