Фудбал
Робертсон: Хазард ме повреди, мислев дека никогаш нема да закрепнам …
Ендру Робертсон помина долг пат за кратко време. Од Хал и Чемпионшип до Ливерпул и освојување на ЛШ.
Робертсон, кој игра на позиција лев бек, имаше можност да се натпреварува со некои од најдобрите играчи на светот.
Така, на патот до трофејот во Лигата на шампионите, Ливерпул ги нокаутираше и одличните Барселона и Меси минатата година.
Сепак, Лионел Меси, на пример, не е играч кој најмногу му пречи на Робертсон во досегашната кариера.
Тоа е Еден Хазард, поранешен фудбалер на Челси (денес на Реал Мадрид), а Робертсон се уште се сеќава на еден дуел со него, од неговиот ден во Хал.
„Кога бев на Хал, играв против Хазард, кога ја освои наградата за најдобар играч во Премиер лигата. Тој ме повреди на „Стемфрод Бриџ“. Мислев дека никогаш нема да закрепнам од таа повреда, но за среќа го надминав тоа“, рече Робертсон.