Connect with us

Други спортови

Роџер Федерер се враќа

Швајцарскиот тенисер кој имаше две операции ќе се врати на терените следниот месец.

После две операции на коленото, Роџер е подготвен повторно да игра тенис, а ние би можеле да го гледаме на терените уште во август.

“Роџер е во ред. Тој е многу добар, но не е изненадувачки кога знаете дека тој секогаш ја гледа позитивната страна на нештата. Тој започна со силен тренинг со Пјер Паганини. Следниот чекор ќе биде во средината на август, тогаш тој повторно ќе започне со тренинзи”, изјави неговиот тренер. .

„Ние се држиме до договорот. Тој ќе се врати на Австралија опен, ако се одржи турнирот. Сепак, ние размислуваме дали да одиграме еден турнир пред Мелбурн“, додаде тој.