Connect with us

Фудбал

Роџерс го донесе Лалана во Ливерпул, а сега го сака и во Лестер

Адам Лалана имаше многу проблеми со повредите и затоа падна во втор план во екипата на Ливерпул.

Тој речиси сигурно ќе игра за друг клуб следната сезона, а англиските медиуми објавија каде би можел да оди.

Наводно, најголем интерес за него покажа Лестер, поточно неговиот поранешен тренер Брендан Роџерс кој повторно го сака во неговиот состав.

Токму Роџерс го донесе Лалан на „Енфилд“ од Саутемптон во 2014 година, а сега тој сака да се обиде да „живне“ неговата кариерата.

Дали двајцата ќе работат заедно повторно следната сезона останува да се види, но сигурно тоа би било добро за Лалана бидејќи тој би имал повеќе простор за игра.