Connect with us

Фудбал

Родригез пристигна во Ливерпул

Ливерпул, 7 септември 2020 (МИА) – Хамес Родригез пристигна во Ливерпул за да го финализира трансферот од Реал Мадрид во Евертон. 29-годишниот Колумбиец се очекува да потпише 3-годишен договор со „карамелите“. Англискиот клуб ќе плати околу 20 милиони фунти како трансфер.

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти е добро запознаен со квалитетите на Родригез, со кого работеше во Реал и Баерн.

Хамес ќе им се придружи на своите нови соиграчи веднаш штом стане играч на клубот. За неколку дена започнува новата сезона во Премиер лигата, а во недела Евертон гостува кај Тотенхем во натпревар од првото коло.

Колумбиецот ќе биде второто ново засилување на „карамелите“ ова лето, откако Алан пристигна од Наполи.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com