Фудбал
Родриго го нарече Меси кукавица, по што следеше брутален одговор од најдобриoт на сите времиња
Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина на Маракана го одбележа голем конфликт меѓу гостинските навивачи и полицијата, што резултираше со бројни повредени навивачи.
💥 La tensión se puede palpar también en el terreno de juego
Messi y Rodrygo tuvieron sus más y sus menos… pic.twitter.com/XhQ4IkMs3w #EliminatoriasSudamericanas
— MARCA (@marca) November 22, 2023
Аргентинците потоа отидоа во соблекувалната, па почетокот на натпреварот доцнеше 30 минути, а на пат кон соблекувалната Меси се расправаше со бразилската ѕвезда Родриго. Фудбалерот на Реал ги нарече играчите на Аргентина „кукавици“ по што следеше брутален одговор од далеку поискусниот Меси. „Ние сме светски шампиони, зошто сме кукавици? Ќути“, одговорил најдобриот фудбалер на сите времиња, пренесува TyC Sports.