Родриго признава: Јас секогаш ги гледав неговите видеа

Иако има само 18 години, Родриго успеа да обезбеди место во Реал Мадрид.

Со голот постигнат на 25 септември против Осасуна, Бразилецот стана третиот најмлад дебитант кој постигна гол во дресот на „Кралевите“, позиционирајќи се зад Варан и Винисиус.

„Мојот настап беше многу добар. Живеам во многу убав град и јас сум дел од најголемиот клуб во светот”, изјави Родриго за „АС“.

„Јас имам многу добар однос со тренерот. Тој е еден од моите идоли. Тој секогаш ме инспирираше. Јас секогаш ги гледав неговите видеа. Фактот дека имам тренер како него е многу позитивна работа. Тој освои сè и може да не научи многу работи благодарение на неговото искуство“.