Connect with us

Фудбал

Рој Кин за поразот од Јунајтед: Тоа не е клубот за кој играв

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин беше разочаран по нов убедлив пораз од својот најголем ривал.

Ливерпул оваа сезона убедливо го победи Јунајтед во два меча. Во октомври на Олд Трафорд 5:0, вечерва на Енфилд 4:0.

„Не, не сум лут, само тажен. Овој тим нема лидер, му недостига квалитет. Расеано е од врвот на клубот. Потребен е нов менаџер, некои играчи да се избркаат, а некои нови да се донесат. Толку е тажно да се гледа. Ова не е клубот за кој играв. Не гледам во денешниот тим на Манчестер Јунајтед желба некој да излезе на теренот да се бори за клубот со гордост“, разочаран е Рој Кин.

Славниот Ирец 12 години го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и освои 17 трофеи, од кои седум титули во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед моментално е шести на табелата со три бода помалку од четвртопласираниот Тотенхем, а со ист број бодови како и Арсенал на петтото место.

Во следниот натпревар, на 23 април, Јунајтед ќе игра против Арсенал.

Facebook