Connect with us

Други спортови

„Рој може да биде сериозно повреден во рингот со Тајсон“

Светот на боречките вештини полека се загрева за да се врати во рингот на славниот Мајк Тајсон.

Еден од најголемите борачи на светот ќе биде во рингот на 28 ноември на егзибициониот натпревар против Рој Џонс Јуниор, а нивниот дуел привлекува големо внимание.

Поранешниот ривал на Железниот Мајк и човек кој го нокаутираше во 2004 година Дени Вилијамс верува дека Џонс може да биде сериозно повреден на овој натпревар.

“Рој може да биде сериозно повреден. Па, тој е борец во средна категорија”, изјави Вилијамс за „Сан”.

loading...

Самиот Џонс призна дека ни малу не му е сеедно да влезе во рингот со Мајк, но дека тој веќе ја донел таа одлука и дека не сака да се откаже.

Да потсетиме, борбата Тајсон – Џонс ќе се одржи во осум рунди, нема да има победник, освен ако нема нокаут.

Како Тајсон изгледа тешко дека 51-годишниот Џонс, кој е многу помал од Мајк, ќе издржи предолго.

 

 

 

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com