Фудбал
Ројс: Ова не е фудбал на Плејстејшн
Борусија Дортмунд е на само два бода оддалечена од лидерот на табелата во Бундеслигата, но атмосферата во тимот не е воопшто добра.
По натпреварот без голови против Шалке, капитенот на „Милионерите“, Марко Ројс ги критикуваше своите соиграчи.
Германецот, како што објави официјалната веб-страница на Бундеслигата, сакаше да испрати јасна порака до целиот тим: „Не направивме доволно за да победиме против Шалке“.
„Игравме подобро во последните 15 минути, но не очекувавме ваков настап од самите нас. Требаше да направиме подобро како тим. Моравме да работиме и покрај тоа што беше напишано во весниците“.
„Мора да разбереме дека ова не е фудбал на Плејстејшн, туку Бундеслигата. Не можеме да бидеме задоволни од настапите и резултатите. Пред нас имаме многу тешки натпревари“, рече Ројс.