Други спортови
Роки доаѓа во Белград на СП во бокс?!
Во 2021.година Белград ќе биде домаќин на Светското првенство во бокс. Пред неколку дена Светската боксерска асоцијација ја донесе одлуката на одржаната седница на Извршниот одбор.
Дел од српските медиуми пренесоа дека на овој спектакл би можел да присуствува легендарниот актер Силвестер Сталоне.
-Се очекува Белград да го посети и една легенда, најверојатно Ивандер Холифилд или Рој Џонс Џуниор, како и ѕвезди од светскиот џет-сет. Сепак, претседателот на БСС на Србија Ненад Боровчанин упатил молба до Светската асоцијација на овој спектакл во Белград да гостин да биде легендарниот актер Силвестер Сталоне, пишуваа тамошните медиуми.
Од култниот боксерски филм „Роки“ поминаа повеќе од четири децении. Сталоне сега има 72 години, но сепак неговите филмови со Роки и денеска се популарни.