Фудбал
Рома бара „утеха“ од „кражбата“ на Малком: Нова мета – Шпанецот од Милан!
Се споменуваа неколку имиња, а „Калчомеркато“ пишува дека последното име кое е на радарот на „волчицата“ е фудбалерот на Милан, Сусо.
Дел од италијанските медиуми пренесуваат дури и дека Мончи отпатувал на преговори во Милано.
Милан од поодамна одреди цена од 40 милиони евра за услугите на Шпанецот, а таа сума не би требало да биде проблем за „волчицата“ која бара „утеха“ по пропаднатиот трансфер на Малком.
Сусо член на Милан е од 2015 година. Во меѓувреме настапуваше и за Џенова како позајмен фудбалер, а во професионалната кариера настапуваше уште за Ливерпул и Алмерија.
Минатата сезона настапи на вкупно 50 натпревари за „росонерите“ и постигна осум погодоци.
sportski.mk