Фудбал
Рома доби две понуди за Џенгиз Ундер, но и двете беа одбиени
Иако преодниот рок се уште не е започнат, Рома веќе доби две понуди за Ундер, но и двете беа одбиени.
Како што објавија од Tuttomercatoweb, Арсенал и Монако на адресата на Рома испратиле понудо од 35 милиони евра, но волчицата ги одби, бидејќи за нивниот играч тие барале минимум 50 милиони евра.
Ундер оваа сезона, играше вкупно 32 натпревари за Рома и постигна осум гола и две асистенции. Покрај Арсенал и Монако, се верува дека многу други клубови наскоро ќе испратат понуда за овој играч, но тешко е да се верува дека тој ќе ја напушти волчицата по само една сезона.
Ундер пристигна во Рома од Басакшир минатото лето за “само” 13,4 милиони евра.