Connect with us

Фудбал

Рома доби засилување од Барселона

Карлос Перез, 21-годишен крилен напаѓач од Барселона е новото засилување за Рома. Тој доаѓа на позајмица до крајот на сезоната за 1 милион евра. Во договорот има клаузула која вели дека доколку Перез одигра одредени мечеви, а клубот постигне резултати, тогаш ќе биде откупен за 11 милиони евра.

Ако, Перез биде откупен тогаш во Рим ќе остане до 30 јуни 2024-та година.

Перез потекнува од мласинската школа на Барселона, а во сениорскиот тим дебитираше минатата година.

Нов играч на Рома е и Вилар од Елче.