Connect with us

Фудбал

Рома го промовираше Лукаку: Eдвај чекам да заиграм (ВИДЕО)

Рома го промовираше своето најново засилување во името на Ромелу Лукаку. Тој доаѓа на позајмица од Челзи, за една сезона, за речиси 5 милиони евра. Во договорот нема задолжителен откуп на крајот од сезоната.

Првата негова изјава беше дека со нетрпение чека да заигра во дресот на Рома и дека неговите први впечатори се фантастични.

Како што е познато,  минатата сезона Лукаку играше за Интер исто така позајмен. Клубот од Милано влезе во преговори со Челзи за откуп на неговиот договор, но на крајот се испостави дека во меѓувреме Лукаку преговарал со Јувентус. Тоа ги налутило челниците на Интер кои ги прекинаа сите обиди да го вратат во Милано.