Connect with us

Фудбал

Рома ќе го даде на суд Бордо поради Малколм

Спортскиот директор на Рома, Рамон Мончи се закани дека ќе го даде Бордо на суд поради неуспешниот трансфер на Бразилецот Малколм.

Техничарот беше договорен меѓу двата клуба и дури требаше да лета кон Рим за медицински прегледи, кога Барселона интервенираше и успеа да го го земе во последните секунди.

– Ќе видиме кои се опциите за нас. Точно е дека немавме потпишано ништо, но има еден куп пораки со агентите и претседателот на Бордо, кои имаат вредност, прокоментира Мончи.

Тој потоа објасни како поминале последните часови од сагата.

– Шефот на Бордо, Стефан Мартен ми кажа дека добиле подобра понуда од Барселона и ако не ја кренеме нашата, нема да го добиеме играчот. Му реков дека веќе сме се договориле и дека зделката е практично готова, но тој ми објасни дека ништо не е потпишано и покрај размената на некои документи со потписи. Го информирав нашиот претседател за промената и тој ми даде зелено светло да притиснам и да упатам нова понуда која ќе биде подобра од онаа на Барселона. И го информирав Бордо дека нашата понуда е подобра, продолжи Мончи.

Спортскиот директор вели дека во 23 часот имале подготвено документ со понуда на шефот на тимот, Џејмс Палота.

– Но, им реков на Бардо дека таа е последна, бидејќи не сакавме да наддаваме. Не можевме да продолжиме така, додаде Мончи.

Бразилскиот играч од средниот ред на крај беше објавен како играч на Барселона, а каталонците за него платија 40 милиони евра, плус бонуси за претставување.