Connect with us

Фудбал

Рома ќе го купи Смолинг од Манчестер јунајтед за 16 милиони

Рим, 2 октомври 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед и Рома се договорија за трансфер на дефанзивецот Крис Смолинг. Според новинарот Фабрицио Романо, Римјаните ќе платат 16 милиони евра за 30-годишниот фудбалер.

Рома исто така сакаше да го изнајми Диего Далот, но Манчестер јунајтед инсистираше на целосен трансфер.

Смолинг веќе играше во Рома на позајмица за сезоната 2019/20. Има 30 настапи, три гола и две асистенции во Серија А, како и два натпревара во Купот на Италија и  пет во Лигата на Европа. зс/