Connect with us

Фудбал

Рома може да го ангажира Манџукиќ за да го ослободи Џеко во Јувентус

Рим, 24 август 2020 (МИА) – Познато е под какви услови напаѓачот на Рома, Един Џеко може да се пресели во Јувентус.

Рома не сака да го пушти Босанецот сè додека не најдат замена. Римјаните се заинтересираа за напаѓачот Марио Манџукиќ, кој неодамна играше во Катар, а сега е со статус на слободен агент.

Хрватот и Босанецот се напаѓачи на иста возраст, додека нивниот статус е сличен, а платата на Манџукиќ ќе биде помала од сегашната на Џеко.

За потсетување новиот тренер Андреа Пирло сака да го види Џеко во Јувентус. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com