Connect with us

Фудбал

Рома посегнува по миленикот на Мурињо

33-годишниот српски фудбалер на Манчестер Јунајтед е трансфер цел на Рома , објавија италијанските медиуми. Искусниот играч за врска веќе најави дека ова е негова последна сезона на Олд Трафорд. Матиќ го водеше тимот на Јунајтед од 2017 година, кога беше регрутиран за 44 милиони евра од Челзи.

Претставници на италијанска Рома веќе стапиле во контакт со агентот на играчот за да преговараат за неговиот можен трансфер.

Плус во преговорите е фактот што главен тренер на римскиот клуб е Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак беше на кормилото на Манчестер Јунајтед во времето на привлекувањето на Немања Матиќ кај „црвените ѓаволи“.

Реклама

Facebook