Фудбал
Рома во Милано „средува“ уште еден трансфер
Екипата на Рома ова лето донесе голем број на фудбалери во своите редови.
Спортскиот директор на клубот Мончи направи неколку одлични работи, но на жешкото лето на „Олимпико“ се уште му нема дојдено крајот.
Мончи се наоѓа во Милано каде што со раководството на „Росониерите“ ќе се обиде да го договори трансферот на фудбалерот за кој раководството на тимот од „Сан Сиро“ бара 40 милиони евра.
Оваа цена не би требала да претставува проблем за „Волчицата“. Пари имаа сосема доволно и можно е шпанскиот фудбалер во наредната сезона да го носи дресот на Рома.
Сусо е член на милан од 2015. година. Во меѓувреме беше на позајмица во Џенова, а во професионалната кариера настапуваше за Ливерпул и Алмерија.
Минатата сезона одигра вкупно 50 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум голови.