Фудбал
Рома започна преговори, Кин се враќа во Серија А?
Италијанскиот напаѓач Мозес Кин би можел наскоро да се врати во Италија.
Рома е само една од неколкуте екипи од Италија кои сакаат да го ангажираат Кин, играч кој го напушти Јувентус изамина за Евертон во летото 2019 година.
Се наведува дека напаѓачот сака да се врати на полуостровот со цел повторно да го заземе своето место во националниот тим во пресрет на Европското првенство во 2021 година.
Рома влезе во преговори со неговиот агент Мина Рајола, па останува да се види дали Волчицата ќе успее да ја добие трката за потписот на играчот.
Во тековната сезона, офанзивниот играч одигра 22 натпревари во Премиер лигата и постигна само еден гол, а исто така забележа и две асистенции. Евертон не е воодушевен, особено поради неговото однесување затоа што тој неодамна уживаше во својот стан со проститутки иако целиот свет е во изолација.