Connect with us

Фудбал

Роман Бурки ќе го брани голот на Борусија Дортмунд до 2023 година

Голманот на Борусија Дортмнд, Роман Бурки го продолжи договорот со клубот на уште три години, поточно до јуни 2023 година.

„Се чувствувам многу удобно во Борусија и ја чувстувам довербата што челниците ја имаат во мене, како и тренерот и соиграчите“, рече Бурки, кој сезонава дури 12 пати ја зачува својата мрежа недопрена.

Роман Бурки дојде во Борусија Дортмунд во 2015 година од Фрајбург. Тој досега одигра 206 натпревари за „црно-жолтите“ и успеа да ја сочува мрежата 75 пати.