Connect with us

Тајмаут

Роналдињо е сега само број 194, а посебна e приказна, како остана без ништо во Бразил

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо е зад решетки во Парагвај повеќе од две недели.

Познатиот фудбалер е уапсен за влез во Парагвај со лажен пасош и би можел да остане во затвор наредните шест месеци.

Иако е во затвор, тој е многу популарен меѓу другите затвореници, Роналдињо е само бројка за парагвајската држава, наречена „затвореник 194“.

Денес, легендарниот Бразилец го прослави својот 40-ти роденден и сигурно воопшто не помислувал дека ќе го прослави како затвореник.

Роналдињо веќе некое време е во голема финансиска неволја. Бразилецот, со неговиот брат Роберт де Асис, изградиле мост во Порто Алегри кој ја поврзал својата фарма со езерото и во таа прилика ја уништил природната средина и, покрај тоа, го изградил мостот без дозвола.

Иако судот му нареди да го отстрани мостот, тој не го стори тоа, што резултираше со бројни казни, а судот го блокираше неговиот недвижен имот и им ги одзеде пасошите и му забрани да го напушти Бразил.

Наводно, му биле блокирани дури 57 недвижнини во вредност од повеќе од 100 милиони евра, едноставно затоа што не сакал да го плати побарувањето за обештетување на државата од 2,3 милиони.

Пред неколку месеци, бразилските медиуми пишуваат дека Роналдињо имал само шест евра на негова сметка, поради сите финансиски проблеми.