Connect with us

Фудбал

Роналдињо ги открива почетоците на Меси, неговиот најдобар тренер и ангажманот во Милан

Тој беше една од најголемите ѕвезди во поновата историја на Барселона, покажувајќи класа и генијалност на теренот. Зборуваме за Бразилецот Роналдињо, кој се опрости од фудбалот во 2018 година. Поранешниот светски шампион даде интервју за магазинот „Паненка“. Ова се неговите зборови.

Барселона„Дали ја сменив историјата на Барселона? Не, таму бевме само еден куп играчи кои се забавуваа. Се беше многу убаво, од првиот до последниот ден. Се беше специјално. Кога пристигнав, илјадници луѓе ме чекаа на стадионот. Рајкард? Тој е одличен тренер, најдобриот со кој сум работел. Тој знаеше сè, откако играше на највисоко ниво. Ми зборуваше на јасен начин, давајќи ми многу слобода на теренот, без оглед на тактичките потреби“.

Меси – „Се сеќавам кога пристигнав во Барселона, веќе се зборуваше за еден дечко кој се истакнуваше од сите други. Потоа почнавме да играме заедно и станавме пријатели. Прекрасно е да се видат нечии први чекори што би го освоиле светот. Научивме многу заедно. Тој ме научи шпански додека јас го научив португалски. Лионел е многу тивок, никогаш не е нервозен. Тој е секогаш со своето семејство и најблиските луѓе. Да можев да му дадам од свој сопствен талент? Но, не му треба, тој веќе има сè“.

Милан – „Беше одличен тим. Таму беа Кака, Пирло, Бекам, Седорф, Ибрахимовиќ, Тијаго Силва, Гатузо, Малдини. Се чинеше како избор на најдобри во светот“.