Тајмаут
Роналдињо сфати дека тајно го снимат, неговата реакција беше непроценлива (ВИДЕО)
Поранешниот најдобар играч на светот, Роналдињо Гаучо, повеќе од два месеци е во домашен притвор во Бразил.
Роналдињо заедно со неговиот брат Роберт де Асис влегоа во Паргавај со лажен пасош, а откако беше зад решетки, тој беше префрлен во куќен притвор.
Поранешниот ас на репрезентацијата на Бразил плати кауција од 1,6 милиони евра и во моментов престојува во хотелот Палмарога во историскиот дел на главниот град на Парагвај, Асунсион.
Пред неколку дена, тој од балконот забележа дека тајно го снимат, и реагираше на начинот на кој сме навикнати од него – со насмевка.
— SportTime (@SportTi43915378) June 4, 2020
Агентите на Роналдињо се надеваат дека легендарниот фудбалер ќе биде ослободен наскоро и дека ќе му биде дозволено да се врати во Бразил, но тоа нема да биде така лесно, бидејќи тој и неговиот брат се обвинети и за можно перење пари.