Connect with us

Тајмаут

„Роналдо беше ѕвер за забава, а Роналдињо имаше диско клуб во куќата“

Објавено:

Поранешната бразилска фудбалска sвезда Зе Роберто откри неколку интересни детали за неговите поранешни колеги од репрезентацијата.

Зе Роберто, кој за време на својата богата кариера играше за Реал Мадрид, Баерн, Баер и многу други клубови, кариерата ја заврши на 43-годишна возраст во Палмеирас.

Причината за толку долгата кариера е неговата неверојатна физичка состојба, па дури и денес, на 46-годишна возраст, тој е вистински ѕвер. Сепак, неговите соиграчи, за разлика од него, сакаа да се забавуваат.

„Роналдо беше ѕвер за забава. Тој ќе останеше до доцна и ќе дојдеѓе на тренинзи без секунда спиење. Тоа беше неверојатно затоа што тренираше како животно“, рече Зе Роберто.

Не само што Роналдо ги сакаше лудите забави. Зе Роберто исто така имаше што да каже и за Роналдињо.

„Роналдињо имаше свој диско клуб во куќата. Не ми се допадна да одам таму“, истакна Зе Роберто.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама