Фудбал
„Роналдо би можел да го врати Јунајтед во форма“
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, се надева дека Португалецот Кристијано Роналдо ќе се врати на „Олд Трафорд“ пред да замине во пензија.
Роналдо е на крајот од својата кариера, но повторно е во иста форма како и секогаш.
Саха верува дека неговиот поранешен соиграч е вистинскиот напаѓач што ќе ги донесе „Црвените ѓаволи“ во форма.
„Роналдо се смени откако игравме заедно. Постигнувањата што тој ги постигна во фудбалот се „луди“. Тој ја сака топката 90 минути, добро е да се види. Да го видам враќањето во Јунајтед би било сон, затоа што знам дека тоа би имало огромен ефект. Можеби би постигнал неколку голови, но би било одлично“, рече тој.
Јунајтед се наоѓа во многу лоша форма оваа сезона бидејќи се на 12. место, а нивниот следен натпревар е против Ливерпул.