Фудбал
Роналдо би се гордеел со него: Кејн видел шише Кока-Кола во воздухот, а потоа направи шоу (ВИДЕО)
Тотенхем синоќа на гостински терен го победи Брајтон со 2:0 во преостанатиот натпревар од 16. коло на Премиер лигата.
Лондонскиот клуб успеа да дојде до нови три бода со кои сепак остана во борба за местото кое на крајот од сезоната води во Лигата на шампионите.
Тотенхем поведе во 37. минута од натпреварот кога Ромеро беше стрелец со многу среќа бидејќи беше погоден од топката по шутот на Кулушевски, а на крајот заврши во мрежата на Брајтон.
Сепак, во фокусот на овој меч беше Хари Кејн, кој успеа повторно да се запише во листата на стрелците.
Точка на овој меч стави Кејн во 57. минута кога по асистенција на Бентанзур погоди за 2:0, но после тоа се најде во центарот на вниманието на јавноста поради прославата на неговиот гол.
За време на прославата, еден од навивачите на Тотенхем фрли шише Кока-Кола на теренот што го виде Кејн, а потоа со удар волеј го удри високо во воздух, што ги воодушеви навивачите на неговиот клуб.
Harry Kane's 95th Premier League away goal ? pic.twitter.com/qhOfn7dM7I
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) March 16, 2022