Connect with us

Фудбал

Роналдо „дивееше“ и побара да се смени главниот судија, неговиот соиграч беше исклучен веднаш по поништениот гол (ВИДЕО)

Неверојатни работи се случија на осминафиналето од Копа дел Реј меѓу Ал Наср и Ал Етифак каде домашните останаа со играч помалку по првото полувреме.

Андерсон Талиска беше исклучен во 11. минута од судиското надополнување во првото полувреме бидејќи со рака удри противнички играч во лице, а неколку минути пред тоа неговиот гол беше поништен.

Нафрли Алекс Телес од левата страна, а Талиска постигна гол за водство на домашните, но голот беше поништен по консултација со ВАР технологијата. Ова ја налути португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, кој побара смена на главниот судија на натпреварот, што не го пропуштија ТВ репортерите.

Инаку, по 90 минути игра немаше голови и се отиде во продолженија. Сепак во 107-та минута Мане постигна гол и му донесе победа на Ал Наср од 1:0.