Connect with us

Фудбал

Роналдо: Фудбалот прерано се враќа во Бразил

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо (43) смета дека враќањето на фудбалот во Бразил по тримесечна пауза поради пандемија на коронавирус се случува премногу брзо.

„Јас сум против враќањето на бразилскиот фудбал со оглед на ситуацијата во која земјата се наоѓа сега“, рече Роналдо.

„Бразил ги следи примерите на другите земји во Европа, но не ја зема предвид пандемијата“, додаде легендарниот напаѓач. Локалната лига во државата Рио де Жанеиро, позната како Кариока првенство, стана првата државна лига во Бразил која повторно започна во четвртокот. Сепак, најдобрите клубови Флуминенсе и Ботафого ја нападнаа одлуката да се продолжи првенството, а Роналдо се согласи.

„Бразил е во екот на епидемијата и грешка е да се размислува за враќање на фудбалот“, рече легендарниот фудбалер. Шпанија, каде Роналдо е сопственик на Реал Ваallадолид, го започна одново националниот шампионат минатата недела, но поранешниот напаѓач на Барселона и Реал Мадрид посочи дека тоа е сторено дури откако се израмни кривата.

„Шампионатот овде започна само кога имавме целосна безбедност во градовите и заедниците и кога бројот на заразени падна“, рече тој. Бразил досега бележи најмногу смртни случаи од КОВИД-19 од која било нација освен САД, повеќе од 46.000 смртни случаи заедно со скоро еден милион заразени.