Connect with us

Фудбал

Роналдо го пропушта мечот со Лестер

Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо најверојатно ќе го пропушти денешниот натпревар со Лестер на Олд Трафорд. Официјални информации за ова од клубот се уште нема, но англиските медиуми информираат дека Португалецот не допатувал со тимот во хотелот „Лоури“, каде што традиционално се собираат „црвените ѓаволи“ пред своите домашни натпревари.

Кристијано Роналдо учествуваше во полуфиналето и плеј-офот, низ кои помина Португалија за да обезбеди пласман на Светското првенство во Катар . Тогаш немаше индикации дека се здобил со некакви повреди. Неговите соиграчи Бруно Фернандес и Диого Далот вчера се појавија во клупската база во Карингтон, но Роналдо беше отсутен. Денеска не се појави ниту „неделата“ на Манчестер Јунајтед , што значи дека поради некоја причина очигледно ќе го пропушти мечот со Лестер .