Connect with us

Фудбал

Роналдо го стигна Батистута: „Се чини полесно кога одмарате“

Кристијано Роналдо вчера го одигра својот 1000-ти натпревар во кариерата, патем изедначи еден рекорд.

Јувентус славеше со 2:1 на гостувањето кај СПАЛ и остана на врвот на Серија А, а Роналдо го изедначи рекордот на Габриел Батистута и Фабио Кваљарела.

Сите тројца имаат постигнато на 11 голови на 11 последователни натпревари во лигата, а Португалецот можност да станат апсолутен носител на рекорд против Интер.

Истото достигнување Роналдо го оствари и во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

„Честитки до Роналд за ова достигнување, но се чини полесно кога малку ќе одморите“, напиша легендата Батистута.

Роналдо го промаши дуелот против Бреша, одморајќи, но во своето време Батистута постигна 11 голови на 11 последователни натпревари без одмор како играч на Фиорентина.