Connect with us

Фудбал

Роналдо и малото детенце, непроценливо (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо и неговиот тим Ал Наср играат против Персополис во рамките од Азиската ЛШ. Пред мечот, тој одлучи да израдува мало детенце од Иран и да му го исполни сонот да се сретне со него. Голем фудбалер, со големо срце. Детенцето пред Роналдо ја изведе и сега веќе популарната „Сиуу“ прослава и изнуди насмевка на лицето на Португалецот. Ова е истото детенце кое плачеше пред камерите претходно поради тоа што обезбедувањето не му дозволи да се доближи до Роналдо и да го запознае својот идол.