Фудбал
„Роналдо и Меси не се подобри од мене, а јас сум подобар од Нејмар“
Дали се сеќаватe на Едилсон? Сигурно, малкумина од вас. Но, секако дека е нормално ако се знае дека одигра само 30-тина мечеви во Европа и тоа во дресот на Бенфика. По ова на Стариот континент не стапна.
Промени многу клубови, а во малку од нив остави значајна трага. Сепак, Едилсон беше дел од славната генерација на Бразил која во 2002. година освои светска титула. Тој доби повик и беше дел од тој состав. За Бразил одигра 21 меч и постигнал шест голови.
Тогаш во дресот на Бразил важни беа Роналдо, Роналдињо, Ривалдо, а денеска тоа е Нејмар. Токму за него зборуваше Едилсон во едно интервју за бразилска телевизија.
-На врвот од мојата кариера играв подобро од Нејмар, вели тој, а ги спомна и најдобрите двајца на денешницата.
-Да биде Меси подобар од мене мора да го освои светското првенство. Кристијано Роналдо е чиста сила. Ја удира топката подеднакво добро со двете нозе, но јас сум многу повешт од него, вели тој.
Former Brazil forward Edilson thinks he was better than Ronaldo, Messi and Neymar ? pic.twitter.com/tDa6R1NBdv
— ESPN FC (@ESPNFC) May 15, 2020