Connect with us

Фудбал

Роналдо и Меси во ист тим, само еден човек може да ги спои?!

По турбилентната зима во редовите на Манчестер Сити и Барселона, тргнаа шпекулации дека ситуацијата најмногу може да ја искористи Јувентус. Бројни медиуми пишуваа за тоа како Пеп Гвардиола би можел да го наследи Сари на клупата на „Старата Дама“, а дека иднината на Меси би можела да биде токму Торино.

Сепак, засега ваквите шпекулации се неосновани. Пеп изјави дека останува во Сити и во четвртата лига ако треба, додека Барселона не може да се замисли без Меси, па со тоа тешко е да веруваме дека скоро би можеле да ги видиме Роналдо и Меси во ист тим.

Но, вакво нешто не е невозможно. Имено, Дејвид Бекам, сопственик на Интер Мајами, клуб кој годинава за прв пат ќе игра во МЛС лигата е човекот кој би можел да ги спои овие двајца играчи во ист тим.

Дел од медиумите веќе пишуваат дека Бекам работи на случајот, односно подготовка на богати договори за двајцата големи фудбалери. Но, ова би се реализирано за две до три години, не сега, бидејќи ниту Роналдо, ниту Меси не се подготвени се уште да ја напуштат Европа.