Интересно, идејата била лично на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Првпат во својата кариера, двајцата ќе седат на трибините за да гледаат фудбалски натпревар, а трофејот на Копа Либертадорес се очекува да создаде уникатна атмосфера во главниот град на Шпанија.
Фудбал
Роналдо и Меси заедно ќе го следат финалето меѓу Ривер и Бока
На 9 декември во Мадрид ќе се одигра реванш-дуелот од финалето на Копа Либертадорес. Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде домаќин на битката меѓу аргентинските гиганти Ривер и Бока.
Шпанското издание „АС“ денеска информира дека мечот ќе биде гледана во живо од двете најголеми ѕвезди на модерниот фудбал во последните 10 години – Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Не само тоа, туку и двајцата ќе добијат посебни места во ложите еден до друг за претстојниот дуел.