Connect with us

Други спортови

Роналдо исто така беше нетрпелив: По победата на Хабиб, Португалецот излезе со силна порака

Ако некој знае како е да се постигне успех без поддршка од еден родител, тоа е дефинитивно Криситано Роналдо кој остана без татко.

Пред неколку месеци, Хабиб Нурмагомедов го загуби својот татко, совладувајќи го Џастин Гаетже синоќа и ја заврши кариерата со резултат 29-0.

Роналдо и Хабиб се познаваат од порано, а борбата во Абу Даби со нетрпение ја следеше Португалецот, кој одговори веднаш по победата на Дагестанецот.

“Честитки брате. Татко ти е горд на тебе”, рече Роналдо во објавата преку Инстаграм.

Хабиб падна на колена веднаш штом заврши борбата, а потоа во своето прво обраќање рече дека оваа победа е за неговиот татко Абдулманап и после тоа рече дека ја завршува својата кариера.