Connect with us

Тајмаут

Роналдо изгледа како терминатор: Сестрата на ѕвездата на Јувентус објави фотографија од домашна теретана (ФОТО)

Кристијано Роналдо е во домашна изолација во Мадеира повеќе од две недели, а опасниот период за него помина.

Роналдо отпатува за Португалија по натпреварот помеѓу Јувентус и Интер кој се играше пред повеќе од две недели во Торино. Само еден ден подоцна, Серија А беше прекината и на играчите им беше одредена домашна изолација што значи дека Роналдо не може да се врати во Торино.

Португалецот реши да остане во неговата куќа во Мадеира и тој ги почитуваше правилата за изолација. Но, таа успешно заврши и сега има можност да се дружи со семејството и пријателите.

Неговата сестра Катија Авеиро објави фотографија минатата вечер, откако тренираше во домашна теретана и сите гледаа во неверојатно исцртано тело на Кристијано Роналдо кој покажа дека изгледа како Терминатор.