Connect with us

Фудбал

„Роналдо мора да замине! Ако играше со Кин и со мене…“

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, Пол Инс го критикуваше Кристијано Роналдо, кој и покрај тоа што сака да го напушти „Олд Трафорд“ ќе остане во дресот на „црвените ѓаволи“.

Избраниците на Ерик Тех Хаг го победија Ливерпул со 2:1 минатиот викенд, во третото коло од Премиер лигата, што беше нивни прв триумф во новата сезона.

„Кристијано мора да го напушти Манчестер Јунајтед. Да беше во соблекувалната кога играв со момци како Рој Кин, немаше да го трпиме и немаше да се извлече со ништо. Отстранувањето на Роналдо од стартната постава би било многу важно бидејќи луѓето би виделе дека постои живот без Роналдо. Тој им го одвлекува вниманието на сите во Манчестер Јунајтед. Не го постигна посакуваниот ефект каков што сите го очекуваа“, изјави Инс.

37-годишниот Португалец не беше во стартниот состав на дуелот со Ливерпул, а пред мечот не се ракуваше со клупската легенда од „Енфилд“ Џејми Карагер, кој често го критикува во медиумите.

Роналдо не постигна гол на првите три натпревари од англискиот шампионат, а неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2023 година.